Хетафе не сака да биде само лански хит – Бордалас и компанија пак се борат за ЛШ

Хетафе продолжува понатаму и по елиминацијата на Ајакс во тешкиот двомеч во Европа Лигата вечерва собра сили да ја победи Мајорка во меч од Ла Лига.

Намања Максимовиќ се најде на вистинското место во 67. минута и со удар со глава му ги донесе бодовите на гостинот од Мадрид.

Хетафе лани за влакно го промаши историскиот настап во Лигата на шампионите, но вечерва со триумфот на Балеарите стаса до посакуваната четврта позиција на табелата.

Избраниците на Бордалас, кој одлично го води тимот од клупата сега се пред Ателтико Мадрид со 45 бода, а пред нив се само Басрелона, Реал Мадрид и Севилја.

Мајорка за која повторно ниту на клупата за резерви не беше нашиот репрезентативец Александар Трајковски остана во опасната зона за испаѓање на 18. место со 22 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести