Хетафе веќе не се шегува, Лигата на шампионите е на дофат

Хетафе игра неверојатна сезона, а авантурата кон пласман во Лигата на шампионите продолжи и вечерва со победа од 2:1 против Уеска.

Мадриѓани успеаја да направат пресврт со два гола во второто полувреме, откако Уеска поведе со голот на Енрик во 35.минута. Гостите кои грчевито се борат за опстанок калкулираа со предноста, се обидоа да се бранат, а Хетафе со головите на Мата ги казни.

Ветеранот на Хетафе погоди во 50. минута за израмнување, а потоа беше прецизен и од пенал во 77. минута за трета победа по ред и за зацврстување на четвртото место со 45 бодови, четири повеќе од Алавес. Тоа е последната позиција која гарантира настап во квалификациите за настап во ЛШ, што би било прво учество на Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести