-1.2 C
Skopje
сабота, 3 јануари 2026

Хетафе во финишот освои бод на „Ваљекас“

Рајо Ваљекано и Хетафе одиграа 1-1 во натпреварот од 18-тото коло на шпанската Примера, одигран на стадионот „Ваљекас“.

Приградското дерби на Мадрид понуди нешто повеќе возбудувања од очекуваното, иако првото полувреме помина во мирен ритам. По половина час игра прв се закани Хетафе преку Лис, додека на спротивната страна возврати Гарсија, што беше најава за водечкиот погодок на домаќините.


Во првата минута од судиското продолжение од првиот дел, Хорхе де Фрутос со удар од прва ја погоди мрежата на немоќниот Баталја за 1-0.

Во вториот дел доминираше цврста и борбена игра, со вкупно шест жолти картони, а драмата кулминираше во самиот финиш. Кога се чинеше дека Рајо ќе ги освои трите бода, Мауро Арамбари имаше поинакви планови.


Уругваецот одлично реагираше на центаршутот на Мила и со удар со глава во првата минута од надополнувањето го постави конечниот резултат 1-1.

Ремито не донесе промени на табелата. Рајо се наоѓа на 12-тата позиција со 19 бодови, додека Хетафе е десетти со два бода повеќе.

- Оглас -

Најнови вести