Хименес втор натпревар по ред погодува во Серија А, Милан вторпат победува (Видео)

Новото засилување на Милан, Сантијаго Хименес, втор натпревар по ред влегува како резерва на полувремето, вторпат погодува, а Милан вторпат по ред победува во Серија А. „Црвено-црните“ од Милано победија со минимални 1-0 против Верона на домашен терен, токму со голот на Мексиканецот во 75-тата минута.

За Хименес ова беше четврти натпревар во дресот на Милан после трансферот од Феенорд, а до сега има ефект од два гола и една асистенција, а „црвено-црните“ со него во составот имаат три победи и само еден пораз, токму од Феенорд во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести