Хит кај фудбалерите: Спијат со леплива лента на устата, а Халанд објасни зошто е тоа добро

Во обид да се остане во најдобра форма, фудбалерите користат најразлични методи како на тренинзите така и надвор од теренот. Еден од хит методите кој е сè попопуларен кај светските ѕвезди е спиењето со залепена уста со лента.

Еден од оние што ја користат оваа метода е и ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Лепливата пента го тера човекот да го зголеми дишењето преку носот за време на спиењето и така да влијае на физичката подготвеност на играчот.

Лепливата лента преку устата помага да се намали дишењето, спречи суво грло и да се намали бројот на несакани честички кои влегуваат во телото. Освен тоа, така се развива навиката да се дише повеќе на нос, што добро влијае на крвотокот и мускулите за време на спортска активност.

Сепак, стручните лица не се многу среќни со овој тренд, а лекарите го посочија како како најопасен кој го слушнале во последно време. Можно е да дојде до апнеја (нарушување на спиењето кое се карактеризира со повторени прекини на дишењето), потоа опасност од задушување во случај на затнат нос, како и можност човекот да се загуши доколку дојде до повраќање.

Сепак, фудбалерите сè повеќе ја користат оваа метода со спиење со леплива лента.

„Мислам дека спиењето е најважно на светот. Треба да пробаш да спиеш со леплива лента на устата“, беше советот од Халанд до светски популарниот јутјубер Логан Пол.

- Оглас -

Најнови вести