-0.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Хит снимка: Голманот најде начин како да се стопли на минус 9 степени на теренот

Хрватскиот голман Матија Орбаниќ стана главна тема во турскиот фудбал, но не поради неговите одбрани, туку поради несекојдневниот начин кој го одбра за да се стопли на екстремно ниските температури.

Орбаниќ кој брани за тимот на Ерзурумспор, на свој терен играше против Корум, а условите за игра беа на работ на регуларноста. Температурата беше минус девет степени, а Орбаниќ позади својот гол имаше чаша со топол чај, за да се згрее.

Покрај поларните услови, мечот од 19 коло на втората турска лига се одигра, а тимот на Ерзурумспор победи со 1:0, што значи дека топлиот напиток му помогна на Орбаниќ да не прими гол.

- Оглас -

Најнови вести