Не се чудеа само Србите што синоќа голот на Милан за победа од 2-1 над Црвена ѕвезда сепак беше признат од страна на шпанските судии иако имаше елементи за поништување поради фаул во напад.
На социјалните мрежи се појави видео со коментар на хрватскиот коментатор Домагој Панциров, кое стана хит во регионот.
„Ова е фаул! Ова е прекршок врз Урош Спајиќ, според мене, ВАР мора да го поништи овој гол. Дали ќе го видиме ова туркање назад? Мислам дека оваа рака на Габија, кој цело време игра со раце и нозе и цело време во контакт, мора да е прекршок во напад. Тоа е акција во која мора да се прекине овој дел од играта“, вели коментаторот.
Тој го спомена и повлекувањето на Ѓига пред корнер.
„Внимавајте на повлекувањето на Ѓига и Милојевиќ е во право. Дали ВАР го проверува ова? Мора да го поништат овој гол, Абрахам го влече Ѓига, а потоа Габија го соборува Урош Спајиќ“, раскажуваше коментаторот според тоа што го гледаше на забавена снимка.
Се чекаше одлука од ВАР-собата, а кога дојде и Хил Мансано покажа дека голот важи, коментаторот не го криеше разочарувањето и шокот.
„Ах, ах… Го признаваат голот за Милан“, коментираше хрватскиот коментатор.
@sinisanad #🇭🇷🇧🇦🇷🇸 #foryoupage❤️❤️ #fyp #viral_video #balkan #balkantiktok #championsleague #var ♬ original sound – SinisaNad
https://www.tiktok.com/@sinisanad/video/7447280383852334358?referer_url=