Хјустон рокетс нема намера да го испрати Џејмс Харден во Бруклин нетс, иако самиот кошаркар инсистира на ова и не сака да продолжи да игра за Ракетите. Харден сака да оди во Нетс, но ако не му се исполни желбата, би прифатил да игра и за 76-ките од Филаделфија, за Милвоки бакс, или Мајами хит.
Сепак, извори од Хјустон тврдат дека нема да го пуштат Харден во Нетс, ако за возврат не им биде понуден пакет во кој би бил вклучен Кевин Дурант или Кајри Ирвинг. Минимални се шансите Бруклин да се откаже од Ирвинг за да го добие Харден. И Дурант веројатно не би бил согласен со такво нешто.
Вечерва НБА тимовите почнуваат со контролни натпревари, може да се обложите во Sport Life. До стартот на регуларната сезона има само уште десет дена.