Атлетико Мадрид го победи Бетис со 2-1 и се врати на седум бода негатива зад Барселона, а овој резултат значеше и поставување на еден негативен рекорд во шпанското првенство.
Хоакин Санчес го претрпе својот 179-ти пораз во кариерата, и со тоа е играч со најголем број на порази во Ла Лига. Досега Хоакин го делеше првото место со Еснаола, кој остана на 178 порази во првенството. Интересно е што и Еснаола својот рекорден пораз во тоа време, го имаше како играч на Бетис, исто како и Хоакин вечерва. Трети на оваа црна листа е легендарниот голман Ирибар со 162.