Хофенхајм и во Бундес лигата е опасен во завршницата

Хофенхајм стигна до третата победа во низа во германската Бундес лига, откако со 2:1 славеше против Аугзбург, во меч од 11. коло. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. Крамариќ ги доведе домаќините во водство, а Финбогасон во 70 израмни на 1:1. Сепак, дека Хофенхајм е најопасен во последните минути се покажа уште еднаш и на овој меч. Нелсон со погодокот во 83 минута донесе победа за домаќините од 2:1.

Екипите кои се на дното од табелата се радуваа попладнево. Штутгарт со 2:0 славеше на гостувањето кај Нирнберг, а Фортуна во Дизелдорф беше убедлива против Херта и победи со 4:1. Денешните возбудувања во германската елитна лига ќе се комплетираат со дербито мешу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Мечот се игра од 18:30 часот.

Резултати: Фортуна Д. – Херта 4:1, Фрајбург – Мајнц 1:3, Хофенхајм – Аугзбург 2:1, Нирнберг – Штутгарт 0:2, Вердер – Борусија М. 1:3.

- Оглас -

Најнови вести