Репрезентацијата на Холандија со победа над Полска од 2-1 го започна настапот на Европското првенство во Германија. „Лалињата“ многу потешко од очекуваното дојдоа до победата против ослабениот противник, кој настапи без ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски.
Клучниот момент се случи на 10-тина минути пред крајот, кога Роналд Куман во игра го внесе Ваут Вегхост, кој со првиот допир на топката во 83-тата минута донесе голема победа за Холандија.
Во првото полувреме, Полска дојде во водство преку Букса, а израмни Гакпо.
Головите од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.