Холандски медиуми: „АЗ Алкамар се брукаше по зафрлените краеви на Источна Европа“

Историскиот натпревар за екипата на Зрињски од Мостар и воопшто за фудбалот во Босна и Херцеговина на крајот ќе биде и повеќе од тоа бидејќи нему му се случи еден од најголемите пресврти некогаш во европските купови.

АЗ Алкмар имаше предност од 0-3 на полувремето, но домашниот Зрињски со пеколно второ полувреме дојде до победа од 4-3 и испиша историја за себе и за својата земја.

Холандските медиуми ни малку не се нежни кон фудбалерите и стручниот штаб на АЗ Алкмар, критиките пристигнуваат од сите страни.

Најпознатиот холандски медиум „Де Телеграф“ во текст со наслов „АЗ си оди посрамотен од Мостар“, меѓу другото, вели: „Фудбалерите на АЗ мора да се засрамат од големиот пресврт во Мостар. Екипата на Паскал Јансен му дозволи на разнишаниот Зрињски да се врати во натпреварот по водство од 0-3 на полувремето за на крајот да остане со празни раце.“

Во продолжение од текстот, продолжуваат и критиките.

„АЗ повторно се најде во зафрлените краеви на Источна Европа, на скромен стадион со мали соблекувални. Но, играчите сега знаат како е да играш на маргините на европскиот фудбал. АЗ доживеа дебакл од најслабата екипа во својата група, во која се уште и Астон вила и Легија Варшава“, се вели во текстот на „Де Телеграф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести