25.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Холандскиот репрезентативец ќе брани во Премиер лигата за трансфер вреден 13 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Брентфорд потпиша четиригодишен договор со голманот Марк Флекен. Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми пишуваат дека се работи за трансфер вреден 13 милиони евра, пари кои ќе му припаднат на германскиот бундеслигаш Фрајбург, каде што досега бранеше Флекен.

Во сезоната која заврши, Флекен бранеше одлично за Фрајбург и прими само 13 гола во 34 кола и сигурно беше еден од најзаслужните што тимот заврши на петтото место во Бундеслигата. Од минатата година тој е дел и од репрезентацијата на Холандија, за која собра четири настапи.

„Марк е играч со многу квалитети. Има големо искуство и решивме да го доведеме по двете одлични сезони што ги имаше во Фрајбург“, задоволно коментираше тренерот на Брентфорд, Томас Френк. Брентфорд заврши на деветтото место во Премиер лигата во втората сезона на клубот меѓу елитното друштво.

- Оглас -

Најнови вести