Холандскиот селектор со шеговита изјава ја искоментира желбата на Робен да игра на ЕП

Откако вчера холандската легенда Арјен Робен изјави дека сака да игра на Европското првенство и би прифатил евентуална покана од селекторот Франк де Бур, денеска одговор на таа тема дојде од селекторот на Лалињата.

Робен четири години нема играно за националниот тим. Тој во 2019 објави крај на играчката кариера, но лани се врати, и тоа во матичниот Гронинген. Вчера откако првпат беше во почетниот состав и имаше две асистенции, пројави амбиција за камбек во репрезентацијата. Сепак, неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата, а актуелен селектор Де Бур, го олади ветеранот.

„Научив никогаш да не велам никогаш, но сега би рекол не. Драго ми е што Арјен повторно игра, но работите треба да се стават во перспектива. Тој последен пат ги играл сите 90 минути на еден меч пред две години. Ако продолжи да игра добро, би можеле да договориме нешто со него за Светското првенство во Катар“, се пошегува на крајот Де Бур.

- Оглас -

Најнови вести