Робен сака да игра против Македонија на ЕП!

После денешната одлична игра кога имаше две асистенции во победата на Гронинген над Емен од 4-0, 37-годишниот Арјен Робен изјави дека има желба да настапи на Европското првенство ова лето и ако добие покана од селекторот на Холандија, ќе ја прифати.

Робен се повлече во 2019 година, а потоа се реактивираше, и потпиша за Гронинген. Но, после само 44 минути на официјални мечеви, се повреди и паузираше шест месеци, а сега се врати на терен и во неговиот прв меч како стартер, имаше две асистенции.

Робен во дресот на Лалињата одигра 96 средби, најголем успех му беше финалето на СП 2010, а за националниот тим последен пат играше во 2017 година.

„Би играл на ЕП, мислам дека ако бидам во добра форма, ќе можам да придонесам за тимот. Настапот на ЕП 2020 ќе биде исполнување на мојот најлуд сон, но треба да се биде претпазлив. Ако селекторот Де Бур ме викне, ќе му кажам да“ – изјави Робен.

Во првата фаза на ЕП, Холандија е во група со Македонија, Австрија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести