Холанѓанките се намачија со Јапонија, но се протнаа во четвртфиналето

Холандија закажа четвртфинална пресметка со Италија на Светското првенство за жени, откако ја совладаа репрезентацијата на Јапонија со 2-1 во последниот осминафинален меч. Лалињата се мачеа до последните минути од мечот, а Лике Мартенс со својот втор гол на средбата ја донесе посакуваната победа.

Ѕвездата на женскиот тим на Барселона прво ја затресе мрежата на Јапонките во 17-тата минута, а Хасегава израмни пред паузата. Иако Лалињата ја имаа иницијативата во вториот дел, Јапонија имаше повеќе конкретни шанси кои не ги искористија, по што им следуваше казна во првата минута од судиското продолжение. Мартенс вторпат на мечот беше прецизна, овојпат погоди од белата точка за конечни 2-1.

По ова се комплетираа сите четвртфинални парови, а дуелите за пласман во полуфиналето започнуваат од четврток.

Норвешка – Англија, 27 јуни – 21 часот

Франција – САД, 28 јуни – 21 часот

Италија – Холандија, 29 јуни – 15 часот

Германија – Шведска, 29 јуни – 18:30 часот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести