Хонда во Витесе издржа само 47 дена

Пред околу два месеца, легендарниот јапонски фудбалер Кеисуке Хонда објави оглас дека бара клуб, а на почетокот на ноември потпиша договор со холандски Витесе. Но, само по 47 дена престој во клубот од Арнхем, Хонда реши да си замине.

„Мојата мисија тука беше да сменам нешто, но не успеав. А и тренерот Слутски си замина. Чувствувам одговорност. Им благодарам на сите за поддршката, се надевам дека повторно ќе се видиме во иднина“, порача Хонда преку видеообраќање.

Слутски го тренираше Хонда и во ЦСКА Москва. Тој го натера да дојде во Витесе, па затоа и Јапонецот не сака да игра за друг тренер. Хонда во холандското првенство одигра само четири натпревари и не постигна ниту еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести