Хорхе Меси слета во Барселона, дали е на повидок летна трансфер-бомба?!

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси сè уште нема донесено конечна одлука каде ќе игра следната сезона, а вчера новинарот Жерар Ромеро ги фрли во транс навивачите на Барселона.

Ромеро на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа дека Хорхе Меси, таткото и агент на фудбалерот, слетал на аеродромот во Барселона.

Иако Меси има куќа во Барселона и неговото семејство често престојува во Барселона, новинарот тврди дека посетата на Хорхе не е обична.

„Во овој момент, а тоа е 14 март 2023 година, шансите за Лео Меси да се врати во Барселона пораснаа на 60 отсто“, рече Ромеро.

Шпанските медиуми со сомнеж ја проследија изјавата на Ромеро, но навивачите на Барселона се во транс бидејќи откако Жоан Лапорта стана претседател на каталонскиот тим, објавите на новинарот често се покажуваа како точни.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезонава, а преговорите за продолжување на соработката се прекинати поради заканата за прекршување на финансискиот ферплеј на УЕФА, поради што се зголемуваат шансите за Барселона да го врати Аргентинецот на „Камп ноу“ иако имаат финансиски проблеми.

- Оглас -

Најнови вести