Хорхе Молина им пркоси на годините, колку постар, толку подобар

Хетафе ја совлада Валенсија со 3-0 и го зазеде третото место на табелата во шпанското првенство, откако гостите не се заканија ниту еднаш. Двоен стрелец за мадридскиот тим беше ветеранот Хорхе Молина, кој нема проблем со годините (37 години и 292 дена), напротив.

Пред да наполни 30 години, Молина во Примера имаше дадено само пет гола, а после 30-тиот роденден, постигна 50 погодоци. Хетафе има четири победи по ред, сите без примен гол.

- Оглас -

Најнови вести