Хорор повреда на Мбапе (Видео)

Килијан Мбапе со болна гримаса на лицето мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме во финалето на Купот против Сент Етјен, откако претрпе страшна повреда. Мбапе беше во напад кога на него стартуваше еден противнички играч.

Зглобот на Мбапе беше разнесен, а судијата најпрво покажа жолт картон за Перин, а потоа се корегираше и го исклучи играчот на Сент Етјен. Мбапе не можеше да продолжи и лекарските прегледи треба да покажат за колку сериозна повреда се работи.

- Оглас -

Најнови вести