Хорор старт во Турција: Ќе му ја „откинеше главата“ (Видео)

Галатасарај без никакви проблеми со убедливи 6:0 славеше над Кајсериспор во меч на кој блесна Маури Икарди. На аргентинскиот голгетер му беше доволно само едно полувреме за да постигне хет-трик, да има и асистенција за гол, но и да промаши еден пенал.

Освен по одличната игра на Икарди, овој меч ќе се памти и по бруталниот старт на Маџид Хосеини врз Лукас Ториера. Двајцата фудбалери беа во обид да стигнат до една топка, но гостинскиот фудбалер многу несмасно реагираше и со крампоните од копачката удри директно во лицето на уругвајскиот интернационалец.

https://twitter.com/i/status/1646953862102675457

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести