Икарди одигра полувреме за памтење!

Галатасарај без многу мака со убедливи 6:0 славеше над Кајсериспор во меч на кој меч за памтење одигра Мауро Икарди. Аргентинецот успеа да постигне три гола, да има асистенција, па дури и да промаши еден пенал.

Шоуто започна во 18 минута кога Икарди погоди за 1:0, а пет минути подоцна асистираше на Рашица за 2:0 за фаворитот. Во 42 минута беше досуден пенал за Галатасарај, а Икарди погоди за 3:0. Првото полувреме се играше дополнителни дури 12 минути, доволно за да има уште еден пенал за Галатасарај. Икарди шутираше, но промаши, за да одбиената топка повторно дојде до него и успее да погоди за 4:0 и да комплетира хет-трик.

Во второто полурвеме Галатасарај постигна уште два гола за убедлива победа од 6:0. Турскиот гигант со овој триумф стигна до 66 бодови и сега има дури девет повеќе од второпласираниот Фенербахче, кој утре игра против Анкарагучу.

- Оглас -

Најнови вести