Јаник Синер и Талон Гриекспор играа два часа и 41 минута во второто коло на Мастерс турнирот во Шангај, кога Италијанецот мораше да го предаде мечот, кој беше многу неизвесен.
Во првиот сет Синер беше подобар и тоа дури по тај-брејкот за водство од 1:0. Сепак, Гриекспор не се предаде и во вториот сет при резултат 5:5 успеа да направи брејк, прв на мечот, а потоа и даго освои својот сервис за 7:5 и израмнување на 1:1 во сетови.
Пред крајот од вториот сет Синер почувствува болки во ногата. Како започна третиот сет и играта стана поинтензивна, така и болките на Синер се зголемуваа. Беше 2:2 во гемови кога Синер сервираше, но едноставно немаше сили, па противникот лесно направи брејк освојувајќи четири поени по ред.
Тоа беше знак дека Синер веќе не може да продолжи. Со потешкотии во одењето, Италијанецот го предаде мечот.
„Ова сигурно никој не сакаше да го види. Вториот тенисер на АТП листата поради повреда се повлече“, стои во објавата на организаторот на турнрот во Шангај.
Nobody wanted to see this in Shanghai 😓
The World No. 2 retires due to injury at 7-6 5-7 2-3, sending Griekspoor to the last 16. Wishing Sinner a very speedy recovery ❤️#RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/hxhRcY8AdX
— Rolex Shanghai Masters (@SH_RolexMasters) October 5, 2025
„Ова дефинитивно не е начин на кој сакам да победувам“, беше реакцијата на Гриекспор кој се пласираше во осминафиналето.