Хорор за Њукасл: првиот голман им прими два гола, па доби црвен картон (Видео)

Ливерпул е единствениот тим кој сезонава во Премиер лигата му нанесе пораз на Њукасл, а како што стојат работите, Црвените и по вторпат ќе ги совладаат Чавките, со оглед на водството на 2-0 и тоа што имаат и човек повеќе на теренот.

Ливерпул не загубил од Њукасл од 2015 година, а и сезонава им набиваат комплекс.

Дарвин Нуњез и Коди Гакпо се стрелците за 2-0, а црвен картон доби голманот Ник Поуп. Исклучувањето на Поуп значи дека на следниот меч, а тоа е финалето на Лига купот на „Вембли“ против Манчестер јунајтед, голот на Њукасл ќе треба да го чува Лорис Кариус.

Кариус е познат по киксевите од финалето на ЛШ во 2018 кога бранеше за Ливерпул, а во последно време го спомнуваат и поради љубовната врска со популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота.

Велерва на местото на Поуп влезе Мартин Дубравка, но тој сезонава бранеше за Јунајтед на еден меч од Лига купот, па нема право на настап за друг клуб во тоа натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести