Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Хоселу, преку социјалните мрежи испрати емотивно охрабрување до својот некогашен соиграч и баџанак Даниел Карвахал кој синоќа се здоби со ужасна повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените осум до десет месеци.
„Пишувам низ солзи и со чувство дека повеќе би сакал тоа да ми се случеше мене. Сега останува да се изоди пат по кој знам дека ќе одиш восхитувачки, како сè што правиш. Те сакам брат, секогаш со тебе“, напиша Хоселу чија сопруга е сестра близначка на сопругата на Карвахал.