Храбрите играат и добиваат, одигра на двојна победа на три меча и заработи неверојатни 828.000 денари

Во неделата во објект на Sport Life во Гостивар беше уплатен неверојатен тикет, каде што еден обложувач со вложени 1.500 денари ,одигра двојна победа на три натпревари од Премиер лигата, Серија А и од швајцарската суперлига и направи квота од 649 и си заработи фантастични 828.576 денари.

Манчестер јунајтед го совлада Евертон со 3:0 и во двете полувремиња Црвените ѓаволи беа подобри. По првото полувреме беше 1:0 за Јунајтед благодарение на фантастичниот гол со ножички на Гарначо, а во вториот дел Црвените ѓаволи дадоа уште два гола.

Рома со 3:1 го победи Удинезе, а по првото полувреме беше 1:0 за Римската волчица, но во вториот дел фортуната беше на страната на гостиварецот. Имено, Удинезе израмни на стартот од првиот дел, а Рома со два гола во последните десет минути, прво Дибала во 81-вата минута погоди за 2:1, а потоа Ел Шарави во 90-тата за 3:1 го „исполни“ условот на гостиварецот.

Последниот меч беше од швајцарската суперлига меѓу Базел и Сент Гален, кој заврши со триумф на домаќинот од 2:0. На голема радост на обложувачот од Гостивар, Базел даде по еден гол во двете полувремиња и му донесе заработка од 828.576 денари.

- Оглас -

Најнови вести