Марин Љубичиќ, 20-годишниот голгетер на ЛАСК Линц, е хит во австриската Бундеслига. Позајмениот напаѓач од Хајдук моментално е најдобар стрелец по три кола со шест погодоци, од кои дури четири ги постигна изминатиов викенд против Волфсбергер.
Ако се земе предвид и неговиот дебинастап во австрискиот Куп, кога Љубичиќ постигна хет-трик, вкупно брои девет погодоци во четири меча во сите натпреварувања за ЛАСК.
Инаку со демолирањето над Волфсбергер, Љубичиќ стана само трет играч во историјата кој по три кола бележи шест гола во лигата. Претходно тоа им успеало само на Тибор Нијаси во 1983 и Оливер Бирхоф во 1990 година, но не и на Халанд.
Интересно е што неговата откупна клаузула е само 2,4 милиони евра, а доколку продолжи со одличните настапи, ЛАСК може да го загуби доколку на адреса на Хајдук стигне побогата понуда во идниот преоден рок.