Хрватите „го дадоа првиот гол“, во Берлин има 75.000 Коцкести и само 5.000 Шпанци

Тотална е доминацијата на хрватските во однос на шпанските навивачи на улиците во Берлин и јасно е дека на стадионот за време на дуелот помеѓу Коцкестите и Црвената фурија, многу поголема поддршка ќе имаат Лука Модриќ и другарите.

Шпанска „Марка“ објави дека во Берлин има околу 75.000 Хрвати и само 5.000 Шпанци, што јасно укажува дека Хрватите ќе бидат како домаќини на овој меч од 18 часот и односот ќе биде околу 4:1, бидејќи нема сите Хрвати присутни во Берлин да бидат на стадион.

Шпанците ќе бидат инфериорни на трибините и на следните два меча од групата фаза против Италија и Албанија, но за нивна среќа натпреварите се одлучуваат на фудбалскиот терен, а не од фановите.

- Оглас -

Најнови вести