Хрватите и Србите ги чека пекол во првото коло, отворањето е во Минхен

Ждрепката за Европското првенство кое ќе се игра во претстојната 2024 година, донесе неколку интересни мечеви уште во првото коло.

На стартот ќе има неколку дербија како Шпанија – Хрватска и Англија – Србија, тука е и Италија – Албанија, домашната Германија тргнува против Шкотска на 14-ти јуни во Минхен (меч со кој ќе се отвори шампионатот), Австрија со Франција.

Инаку на ова првенство ќе има 24 земји учеснички, а во осминафиналето ќе одат најдобрите две од секоја од шесте групи, плус четири најдобри третопласирани, па секој бод и гол ќе биде важен.

- Оглас -

Најнови вести