Ждрепката за ЕП 2024 донесе една група на смртта со Албанија и Хрватска во неа

Вечерва во Хамбург беше направена ждрепката за составот на групите на Европското првенство во фудбал кое следната година ќе се игра во Германија. Најинтересна е групата во која носител е Шпанија, а ривали ќе им бидат Хрватска, Албанија и Италија.

Група А: Германија, Унгарија, Шкотска, Швајцарија.

Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, Италија.

Група Ц: Англија, Данска, Словенија, Србија.

Група Д: Франција, Австрија, Холандија, победник од баражот А

Група Е: Белгија, Романија, Словачка, победник од баражот Б

Група Ф: Португалија, Турција, Чешка, победник од баражот Ц.

- Оглас -

Најнови вести