7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Хрватите немоќни, Германија е прв финалист на ракометното ЕП

Германија е прв финалист на Европското првенство во ракомет за мажи, откако во првото полуфинале ја совлада Хрватска со 31-28.

По прилично изедначеното прво полувреме кое го добија со два гола разлика, Германците водеа во текот на целото второ полувреме, на моменти и со плус од 7 голови. Хрватите се обидуваа да ја стопат негативата, но не го загрозија водството на противникот. Цербе со 6 гола и Волф со 13 одбрани беа најдобри поединци.

За Германците тоа ќе биде прво европско финале по она во 2016 година во Полска кога беа шампиони, а и сега финалето ќе ги играат во нивна соседна земја, во случајов Данска.

Во второто полуфинале играат Данска и Исланд, голем фаворит е Данска која сака на олимписката и светската да ја додаде и европската титула која последен пат ја освоиле во 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести