Иако Франција важеше за голем фаворит за победа во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет за мажи, Хрватска е тимот кој доминира во првото полувреме, по кое има предност од 18-11.
Хрватите понесени од публиката во загрепската „Арена“, одиграа феноменално, во два наврати водеа и со девет гола разлика против силната Франција, која многумина ја гледаа во финалето, но им се случи кошмар и ќе мора добро да се помачи ако сака да направи сензационален пресврт и да дојде до ново финале.
Хрватска од 2019 не знае за победа против Франција. Ако таа црна серија биде прекината, Хрватите по трет пат ќе играат финале на СП и ќе се обидат првпат да станат шампиони.