Хрватите ѝ посветија песна на Србинката која им судеше во Дејвис купот

Репрезентацијата на Хрватска по 13 години, го освои Дејвис купот во тенис, а радоста беше толку голема што ѝ беа благодарни и на судијката Маријана Вељовиќ. Крагуевчанката доби чест да суди ваков голем настан, а беше и среќна за селекцијата на Хрватска во Лил. Поточно, таа го судеше дуелот на Марин Чилиќ со Лук Пуј, на кој гостите си ја обезбедија победата.

Во текот на мечот, Вељовиќ исправи една грешка на линискиот судија и со тоа му направи услуга на Чилиќ, бидејќи линискиот судија пресуди во полза на Французинот. Оваа одлука беше бурно поздравена од навивачите од Хрватска, кои кога дознаа дека судијката е Србинка и дека се вика Маријана, почнаа да ја пеат познатата песна во која се спомнува името Маријана.

За тие што не знаат, рефренот на песната е: „Маријана, слатка мала Маријана, јас ќе те чекам додека не се разбуди денот, Маријана, слатка мала Маријана“.

- Оглас -

Најнови вести