Хрватите против Јапонија се загреваа за дуелот против црвено-жолтите

Хрватска лесно ја совлада Јапонија со конечни 35-27, па така избраниците на Лино Червар ја запишаа втората победа на СП. „Коцкестите“ практично се загреваа за дуелот против Македонија кој ќе го играат утре, а против денешниот противник можеа да слават и со 10 гола разлика, сепак, Јапонците со два гола во финишот не им го дадоа тоа задоволство.

По првите 30 минути резултатот беше 18-13 во корист на Хрватска, но тие не се опуштија во вториот дел, па со уште побрз ритам се обидуваа да обезбедат што поголема гол-разлика. Во еден момент имаа и +11, но Хрватите мора да се задоволат со победата од осум погодоци предност.

Хорват беше немилосрден и погоди осум гола од девет обиди, а како втор најефикасен се истакна Степанчиќ со пет гола. Кај поразените, Токуда се истакна како најдобар со шест гола.

- Оглас -

Најнови вести