Патрис Евра своевремено беше познат како еден од најдобрите бекови на почетокот од 21 век, но откако ја заврши професионалната кариера, Французинот го користи слободното време да ги забавува фановите преку социјалните мрежи.
Тој често знае да објави комични видеа или пак да покаже дека убаво се забавува каде и да е, а сега се појави едно видео во кое Евра пее хит на починатата музичка легенда Оливер Драгојевиќ. Французинот ги воодушеви Хрватите, дури знаеше да го преведе називот на песната „Кад ми доџеш ти“, а потоа песната му ја посвети на неговиот пријател и поранешен соиграч од Јувентус, Марио Манџукиќ.