Репрезентациите на Хрватска и Египет се последните четвртфиналисти на Светското ракометно првенство. Египет во второто полувреме го скрши отпорот на Зеленортската република и победи со 31-24, а претходно и Исланд славеше над Аргентина со 30-21, но на крајот тоа се покажа само како пирова победа за нив.
Вистинска драма се случуваше на мечот помеѓу Хрватска и Словенија, на кој еден од домаќините на Светското првенство иако долго се потеше, сепак, на крајот успеа да ги израдува навивачите и да победи со 29-26. Победата на Хрватска значеше дека три репрезентации ќе имаат ист број на бодови на врвот, но токму еден од домаќините на Светското првенство беше најдобар во таа мини-табела и како прв мина низ целта во групата „4“.
Двојки за четвртфинале:
Франција – Египет
Хрватска – Унгарија
Данска – Бразил
Португалија – Германија