6051 Турција – Романија (18.00 часот)
Турците играа добро во квалификациите за СП, но не можеа да се пласираат директно покрај Шпанија со која беа во група. Романците до баражот дојдоа преку Лигата на нациите, а во квалификациската група беа трети зад Австрија и БиХ. Домашниот терен треба да биде голема предност за Турција, која и според имињата, има поквалитетен состав од Романија. Турција има серија од четири меча по ред на кои дава барем два гола. Овие две селекции последен пат се сретнале во 2017 година, и тоа на пријателски меч.
Предлог тип: 1-1 (2.18)
6882 Чешка – Р. Ирска (20.45 часот)
Овој меч со интерес ќе се следи и кај нас бидејќи за пет дена ќе гостуваме кај еден од овие два тима. И Чесите и Ирците имаат свои адути поради кои се надеваат на финале во мундијалските баражи. Чешка на свој терен нема пораз уште од септември 2022 година и тоа ја прави фаворит. Ирците одлично ги затворија квалификациите за СП со три победи по ред, од кои едната против силната Португалија и едната со Унгарија на гости во големата драма и голот во 96-тата минута по која дојдоа до бараж.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.94)
6884 Италија – Сев. Ирска (20.45 часот)
Италијанците се фаворити на хартија, но имаат „страв во коски“ од овие баражи кои ги спречија да играат на претходните две светски првенства. Ако ја надминат психолошката бариера, би требало да ја победат Северна Ирска, која во квалификациите немаше ниеден нерешен резултат и беше трета во својата група зад Германија и Словачка. Италија и Северна Ирска беа во иста група во квалификациите за СП 2022, тогаш Италија дома победи со 2-0. Северна Ирска нема дадено гол на последните шест дуели со Италија. Само еднаш Италија загубила од овој противник, и тоа во далечната 1958 година.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.99)
6888 Велс – БиХ (20.45 часот)
Велс е опасен домаќин, во тоа се увери и Македонија во ноември, кога бевме разбиени со 1-7. На Босанците нема да им биде лесно, но не се без шанси и тие имаат искуство во вакви баражи. Овие две селекции четирипати (по две официјални и пријателски средби) играле меѓу себе во минатото и Велс никогаш не победил, но тоа беше пред повеќе од една деценија. Победникот од овој меч во финалето оди на Италија или Северна Ирска.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)
5104 Боливија – Суринам (23.00 часот)
Во овој интерконтинентален бараж, Боливија е благ фаворит. Суринам е земја од Јужна Америка, но квалификации за СП играат во КОНКАКАФ зоната, со ривали од Северна и Средна Америка. Познато е дека од оваа некогашна холандска колонија потекнуваат многу добри фудбалери кои играле или играат за холандската селекција, па Боливија нема да има „прошетка низ парк“ на овој меч кој ќе се игра на неутрален терен во Мексико. На победникот од овој меч потоа му следува финална битка против Ирак за место на СП.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.86)

