Хрватска и Македонија ќе играат пред полн стадион: Продадени сите билети за дуелот во Риека

Фудбалскиот сојуз на Хрватска информира дека се продадени сите билети кои беа пуштени во продажба за пријателскиот натпревар против Македонија. Стадионот во Риека има капацитет за 8.279 гледачи и нашите фудбалерите ќе играат пред полни трибини.

Стадионот „Руевица“ е изграден во 2015 година, а во 2017 беше проширен неговиот капацитет на сегашните малку повеќе од 8.000 гледачи. Тој беше изграден како замена за легендарната „Кантрида“, која и ден-денес постои.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Македонија се игра во понеделник, на трети јуни со почеток во 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести