Хрватска има прекрасен обичај кога игра на „Пољуд“, а време е и ние да направиме такво нешто на „Тодор Проески“ (ВИДЕО)

Пред секој натпревар на „Пољуд“ кога игра репрезентацијата на Хрватска, се пушта „Цесарица“, еден од најголемите хитови на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

По враќањето на Коцкестите на овој легендарен стадион на Хајдук, пуштањето на овој евергрин никого не остава рамнодушен, па дури и самите фудбалери кои честопати велат дека ваква атмосфера нема никаде на светот.

И кога ќе се погледне видеото подолу, навистина е така.

Луѓето од ФФМ задолжени за организација на натпреварите на Македонија дефинитивно треба да ја разгледаат ова идеја, со оглед на тоа дека играме на името на стадионот по нашата најголема пејачка легенда Тодор Проески.

Тоше има голем број хитови од коишто тешко е да се издвои еден од нив.

Воедно, своевремено ја испеа и „Македонија навива за вас“, која се пушта редовно пред натпреварите, но без ваква посебна најава како на „Пољуд“.

И двете пејачки легенди прерано го напупштија овој свет, но зад себе оставија неизбришлива трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести