Женската ракометна репрезентација на Хрватска, за првпат во својата историја освои медал на големо натпреварување, денеска во битката за бронзата на Европското првенство, ја совлада домашната Данска со 25-19.
Хрватките повеќе ја посакуваа победата, а по нерешените 11-11 по првото полувреме, во вторите 30 минути, Коцкестите беа многу подобар тим и се закитија со бронза. Посавец и Јежиќ со по пет гола беа најефикасни во редовите на најпријатното изненадување на шампионатот.
Во финалето играат Норвешка и Франција.