Хрватска ја победи Словенија, Модриќ со мајсторски гол (Видео)

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство.

Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од шеснаесетникот. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Пред крајот на мечот, односно во 83 минтуа Словенија израмни на 1:1 кога Шпорар погоди по еден кикс на средниот ред на домашниот тим.

Да може Хрватска со победнички ритам да замине кон САД се погрижи Пашалиќ кој погоди во 90+3 минута за 2:1 и победа на селекцијата која заврши на третото место на Мундијалот кој пред четири години се играше во Катар.

- Оглас -

Најнови вести