22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Хрватска ќе навива Србија да игра на Европското првенство!?

Србија утревечер во Белград игра против Шкотска во меч кој треба да го даде патникот за Европското првенство. Ова е еден од четирите натпревари кои треба да ги дадат последните патници на континенталниот собир. Еден од тие четири меча е и тој во Тбилиси, каде што Грузија игра со Македонија.

Според направената ждрепка за ЕП, веќе се знае дека победникот од Србија – Шкотска ќе игра во групата каде што се Англија, Чешка и Хрватска. Според историјата и досегашните мечеви, на Хрватска ќе ѝ биде многу подобро ако Србија се пласира на ЕП отколку Шкотска.

Откако Хрватите се одвоија од Југославија, против репрезентација во која играле Србите има четири меча, а Коцкестите ниту еднаш не загубиле. Сосема е поинаква ситуацијата кога Хрватска за противник ја имала Шкотска. Тие досега пет пати играле против Шкотите и досега ниту еднаш не победиле.

Затоа, ако се гледа историјата и традицијата, Хрватска може и да навива Србија да ја добие како ривал во групата од ЕП затоа што Шкотска е ривал против кој немаат радост. И за сите на Балканот сигурно ќе биде многу поинтересно ако следната година на ЕП гледаме дуел Хрватска – Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести