Хрватска ја победи Канада со 4-1 во меч после кој е јасно дека Канаѓаните нема да бидат осминафиналисти на Светското првенство во Катар.
Иако Канаѓаните поведоа во втора минута во нивниот историски прв гол на светските првенства, а го даде Алфонсо Дејвис, Хрватска беше многу подобра и искусно направи пресврт по кој победата не им беше загрозена.
Андреј Крамариќ даде два гола, а при неговите погодоци асистент беше Иван Перишиќ, кој е прв играч со две асистенции на СП 2022. Голови дадоа и Марко Ливаја и Ловро Мајер, но клучни беа погодоците на Крамариќ за 1-1 и 3-1.
Хрватска може да оди во осминафинале и со нерешено во последното коло против Белгија, но ако загубат од Црвените ѓаволи, на Хрватите ќе им треба и Мароко да не ја победи Канада.
Ова е голот на Крамариќ кој дефинитивно го одлучи победникот: