2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Хрватска не дозволи да ја има првата сензација на ЕП, Франција и Шпанија сигурни

Репрезентацијата на Хрватска се намачи, но на крајот стигна до победа во првото коло на Европското ракометно првенство, откако со 32:29 славеше над Грузија. Коцкестите беа големи фаворити пред мечот, но Грузијците покажаа дека имаат квалитет и сила да парираат.

Грузија одлично го започна мечот и поведе со 3:1, а во еден момент стигнаа и до неочекувани шест погодоци предност (11:5 и 12:6). Тоа како да беше знак Хрватска да заигра многу подобро, и Коцкестите со серија од 7:0 стигна до водство од 13:12, а на полувреме фаворитот водеше со 15:14.

Во второто полувреме Хрватска водеше со 18:15, а потоа Грузија заигра многу подобро и поведе со 24:22. Нерешено беше до 27:27, а потоа Хрватска со два гола поведе со 29:27 и до крајот на средбата не дозволи да биде изненадена.

Во останатите два меча кои се одиграа денеска, Шпанија со 30:25 ја победи Австрија, а Франција немаше милост и со 46:26 ја растури Украина.

- Оглас -

Најнови вести