Хрватска загуби убедливо, но прекина една низа на Шпанија која траеше 16 години!

Шпанија може да се пофали со најубедливата победа по првите два дена на ЕП 2024. Црвената фурија одигра одлично прво полувреме постигна три гола во дербито против Хрватска, а потоа во вториот дел рутински ја задржа високата предност.

Хрватска е единствената селекција која не постигна гол од оние екипи кои се појавија на ЕП 2024, но Коцкестите на дуелот против Шпанија прекинаа една долга низа на Црвената фурија.

Шпанија е позната како репрезентација која доминира кога се работи за контрола на топката и поседот. Неверојатни 136 средби по ред шпанските фудбалери имале поголем посед на топката во однос на противниците, но таа серија заврши вечерва.

Хрватска иако не постигна ниту еден гол, на крајот имаше 53 отсто посед на топка, додека Шпанија имаше само 47 отсто посед на топка. Последен пат кога Црвената фурија беше инфериорна во овој статистички податок беше во финалето на ЕП 2008 година кога загубија од Германија со 1:0. По тој меч, одиграа 136 натпревари на кои имаа поголем посед на топка во однос на ривалите, а сега иако ја победија Хрватска со убедливи 3:0, на крајот прекинаа една феноменална низа која им траеше речиси 16 години.

- Оглас -

Најнови вести