Хрватската кошарка доби еден од најтешките нокаути

Хрватската кошаркарска репрезентација загуби во Ријека од Финска со 81:79 и тоа беше крај на желбите на Коцкестите за пласман на Светското првенство кое се игра следната година. По шест одиграни меча, Хрватска заврши на последното четврто место во групата со само една победа и дури пет порази, во групата каде Финска заврши со пет победи и еден пораз, Словенија е втора со скор 4-2 и Шведска со биланс од 2-4.

Финска одлично го отвори мечот и поведе со 19:8, а во средината на втората четвртина гостите водеа и со 35:23. Во третата четвртина Финака водеше со 57:47, а потоа следеше серија на Хрватска од 14:0, за превземање на водството од 61:57.

Хрватска водеше со 78:70, но домаќините не ја сочуваа предноста. Финска даде тројка за 81:79, а во последната секунда Зубчиќ имаше две слободни фрлања за израмнување, но ги промаши и гостите се радуваа, а Хрватска остана без пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести