Поразот на хрватскиот ракометен првак Загреб на свој терен од екипата на Нант во Лигата на шампионите имаше многу негативно влијание врз играчите, па по мечот, во соблекувалната имало тепачка.
Милош Кос го нокаутирал хрватскиот репрезентативен голман Матеј Мандиќ, а сега се откриени детали од инцидентот. Нетрпението меѓу двајцата играчи започнало уште на теренот, кога почнале вербално да се навредуваат. Во еден момент Кос му се обратил на Мандиќ со зборовите: „ќе видиш ти во соблекувалната“, пишува „Национал.хр“.
По завршувањето на мечот, ветувањето на Кос било реализирано. Кога Мандиќ влегол во соблекувалната, веднаш го прашал Кос: „Што ќе видам?“, а потоа веднаш следувал нокаут. Од силината на ударот на Мандиќ му била скршена јаболчната коска на лицето и веднаш бил пренесен во болница.
Мандиќ ќе мора да оди на операција, по која ќе треба да паузира во следните шест недели. Тоа значи дека Мандиќ може да го пропушти и Светското првество, кое започнува во средината на јануари.
Малку фалело Кос да се степа и со Звонимир Срна, кој кога видел како Мандиќ паѓа на земја, тргнал кон Милош, но останатите соиграчи спречиле да има поголем хаос.