14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Хулијан Алварес за интересот од Барселона: „Мојот фокус е одбрана на титулата од СП со Аргентина“

Хулијан Алварес блеска во дресот на Атлетико Мадрид откако минатото лето за сума од 75 милиони евра се пресели од Манчестер сити. Веќе подолг период тема во Шпанија се неговите игри, а и интересот од Барселона, но Каталонците тешко дека во моментов може да си дозволат купување фудбалер кој вреди 100 милиони евра и има активен договор до 2030 година.

„Интересот од Барселона? Многу сум мирен по тоа прашање бидејќи во медиумите секогаш нешто се пишува. Минатата година исто многу се зборуваше, а новата сезона само што започна. Мојот фокус е секој ден да бидам подобар, да давам сè од себе за овој клуб и за моите соиграчи и да победуваме. Тоа е сè што ми е важно, а тоа што се зборува по социјалните мрежи не игра никаква улога. На крајот, мојот фокус е оваа сезона да имаме што е можно подобри резултати, но и одбраната на трофејот од Светското првенство со Аргентина“,л рече Алварес.

- Оглас -

Најнови вести