20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Хумелс е еден од историските четири мускетари во Бундеслигата, нема да го памети по добро големиот подвиг

Матс Хумелс вечерва го одигра 400-от натпревар во Бундеслигата и е само еден од четворицата играчи во историјата на Лигата со 400, или повеќе мечеви, но дуелот со Борусија Менхенгладбах нема да го памети по добро.

На „Борусија Парк“ Хумелс и неговите соиграчи од Борусија Дортмунд го загубија дербито на имењаците, на двете Борусии со 4:2, а Матс беше еден од најслабите на теренот.

Првото полувреме беше фантастично, со вкупно 5 гола, а домаќинот од Менхенгладбах водеше со 3:2.

Во вториот дел спласна и офанзивата и темпото, иако имаше најава за нов бран на голови.

Коне постигна нов гол за Борусија Менхенгладбах по само 39 секунди во второто полувреме, а потоа немаше голови, па домаќините славеа со 4:2.

Хумелс со 400 натпревари им се приклучи на Мануел Нојер со 477 меча, потоа и на Тимас Милер со 423 и на Оливер Бауман со 407 како единствениот покер играчи во Бундеслигата со 400+ одиграни мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести