Со Германците никогаш не е досадно – Двете Борусии растурија со голови во првото полувреме (Видео)

Феноменален меч играат двете Борусии во Менхенгладбах и на „Борусија Парк“ има пет гола за само 45 минути и судиско продолжение во првото полувреме.

Борусија Менхенгладбах води против имењакот од Дортмунд со 3:2, а можеше да има барем уште толку голови во првиот дел во изввонредна фудбалска претстава.

Домаќините постојано водеа, а гол-шоуто почна со погодокот на Јонас Хофман во четвртата минута.

По 19 минути игра израмни Јулијан Брант со убав волеј по прекрасната асистенција од Џуд Белингам.

Домаќините одговорија со два гола на Бенсебаини и на Турам, па по половина час игра веќе беше 3:1 и имаше дури четири гола на дербито од 15. коло во Бундеслигата.

Сепак тука не беше крај на голеадата во Менхенгладбах во првото полувреме, а Шлотербек намали на 3:2 со погодок во 40. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести